Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Ѓурѓај и Богески разговарале за соработка во зачувувањето на историско и културно наследство на Мaкедонците во Албанија

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, во рамки на програмските активности,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија.

-На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија- информираше Ѓурѓај.

Додава дека средбата минала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за продлабочување на соработката од заемен интерес.

Реклама

Посочува дека Друштвото е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Албанија, мисија која продолжува со несмалена динамика.