Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Економија

Перински: Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени – две години се поставуваат темелите за развиени општини и одржлив регионален развој

Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна на денешната прес-конфереција министерот за локална самоуправа Златко Перински на која што ги презентираше ги резултатите од работата на Министерството.

-Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што најголем дел од нашите политики се реализираат преку општините, планските региони и програмите за поддршка. Граѓаните ги гледаат новите улици, водоводи, училишта и градинки, но многу поретко се гледаат механизмите и политиките кои овозможуваат тие проекти да се реализираат-рече Перински.

Како најголем резултат во изминатиот период, Перински го посочи инвестицискиот циклус за поддршка на општините, преку кој во рамки на двата јавни повици се одобрени вкупно 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари.

Реклама

-Ова е најголемиот инвестициски циклус за општините во поновата историја на Македонија. Тоа не се само бројки, туку нови улици, водоводи, канализации, реконструирани училишта и градинки, енергетски ефикасни јавни објекти и подобри услови за живот во сите општини-вели Перински.

 Во делот на институционалната поддршка, Перински потсети дека за првпат е воспоставен Ресурсен центар за поддршка на општините, преку кој е формирана база на експерти, изработени се практични прирачници за локалната администрација, спроведена е сеопфатна проценка на потребите на сите општини и изработени се профили за секоја општина во државата.

 Посебен акцент изминатиот период беше ставен и на процесот за ажурирање на базите на даночни обврзници во сите општини.

– Ова можеби не е најпопуларната мерка, но е една од најважните мерки за финсиската стабилност на општините, затоа што суштинското прашање не е колку средства ќе обезбеди државата за општините оваа година, туку колку општините ќе можат самостојно да генерираат приходи во годините што следат- истакна Перински.

 Во делот на законските реформи, министерот посочи дека по повеќе од две децении е подготвена најобемната реформа на Законот за локалната самоуправа, со која се унапредуваат локалната демократија, транспарентноста, дигитализацијата, учеството на граѓаните, инспекциските механизми и урбанистичкото планирање.

Паралелно се работи и на реформа на Законот за меѓуопштинска соработка, со цел поефикасно користење на ресурсите и подобро обезбедување услуги за граѓаните.

Во областа на регионалниот развој, изменет е Законот за рамномерен регионален развој, спроведена е тековна оценка на Стратегијата за регионален развој 2021–2031 и подготвени се измени и дополнувања кои беа усвоени од Собранието.

 Дополнително, во периодот 2024–2026 година преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и Програмата за рамномерен регионален развој се поддржани 185 проекти во вредност од над 489 милиони денари.

 Во делот на европските фондови и прекуграничната соработка, Перински информираше дека активно се спроведуваат пет ИПА III програми за прекугранична соработка со соседните држави.

Во моментов се имплементираат 39 проекти во рамки на програмите со Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија, со вкупна вредност од 21.340.097 евра за македонските корисници, додека во наредниот период се очекува потпишување договори за уште 23 проекти во рамки на програмите со Република Бугарија, Република Косово и Република Србија, со вредност од околу 6 милиони евра.

-Најважното што го направивме во изминатите две години не се само бројките. Најважното е што го променивме пристапот – од модел во кој се реагираше на проблемите, кон модел кој создава услови тие проблеми да не се повторуваат. Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени. Македонија чекори напред со јасна определба – да не ги менаџираме последиците, туку да ги решаваме причините-порача Перински.

Тој додаде дека резултатите од изминатиот период претставуваат цврста основа за силни и финансиски стабилни општини, одржлив регионален развој и поквалитетни услуги за граѓаните во сите делови на државата.