Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Трета година по ред учебниците се доставуваат навреме, во септември ќе има за сите ученици

Учебниците веќе трета година без проблем се доставуваат во училиштата, а сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учебниците веќе трета година без проблем се доставуваат во училиштата, а сите ученици и оваа година ќе ги добијат на време, во септември. Министерката за образование Весна Јаневска, вели дека досега за учениците од прво до трето одделение се испорачани околу 250.000 учебници, додека во текот на следната недела ќе започне и дистрибуцијата на учебниците за сите останати одделенија. Вкупниот број учебници што ќе бидат дистрибуирани изнесува околу милион и пол примероци.

„Од прво до трето одделение се испорачани околу 250.000 парчиња, се вкупно ќе бидат испорачани милион и пол учебници. Она што треба да нагласиме е дека обноцен е целиот фонд на учебници од прво до осмо и први и втори клас гимназија, а остануваат да се доработат како нови учебници следната година, учебиците за деветто одделение и трети клас гимназија.“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Испораката на учебници треба да биде редовна обврска на системот, но реалноста сè уште покажува слабости во образованието. Според премиерот тие потекнуваат од претходното владеење на СДСМ и ДУИ, за кои рече дека претставуваат „политичка катаклизма“ која никогаш не смее да се повтори. Мицкоски изрази жалење, што во ерата на вештачка интелигенција и современи технологии, образованието сè уште се сведува на прашања како навремената испорака на учебници.

„Ако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

При набавка на учебниците во период од две години, заштедени се околу 45 милиони денари како резултат на постигнати пониски цени при печатењето. Од МОН посочуваат дека оваа година службите имале најголем поврат на средства по основ на оштетени и изгубени учебници и дека утврдена е нова формула за пресметка на цената на истите. Целта е исполнета- навремената дистрибуција на учебниците стана стандардна пракса во образовниот систем, а не предизвик со кој ќе се соочуваа училиштата секоја година.