Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Општина Илинден изврши агрохемиска анализа на обработлива почва

Градоначалникот на Општина Илинден, м-р. Александар Георгиевски оствари работна средба со деканот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, м-р. Александар Георгиевски оствари работна средба со деканот на Замјоделски факултет проф. др. Миле Маркоски. На средбата се разговараше за Извештајот од извршените анализи на почвени проби кои што се земаа од неколку локации на територија на општината, во насока на поддршка и развој на земјоделството, се наведува во соопштението од Општина Илинден.

Агрохемиските испитувања ги реализираше акредитирана лабораторија при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Со овие анализи земјоделците добиваат навремени и стручни информации за состојбата на почвата, што им овозможува поефикасно и поекономично користење на ѓубрива, подобрување на приносите и квалитетот на производите, како и намалување на негативното влијание врз животната средина.

На состанокот беа разгледани повеќе аспекти поврзани со процесот на пошумување, вклучително и изборот на соодветни садници, проценката на состојбата на теренот, мерките за заштита од ерозија, како и долгорочните активности потребни за успешно обновување на шумскиот фонд.

Реклама

Деканот даде стручно мислење и препораки за понатамошните активности, при што ја нагласи важноста од научно заснован пристап, користење соодветни автохтони видови и спроведување мерки што ќе обезбедат одржлива и квалитетна обнова на опожарените подрачја.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека локалната самоуправа останува посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина и дека сите идни активности ќе се реализираат во координација со стручната јавност и релевантните институции.

Активноста претставува дел од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден за периодот 2022–2026 година и ќе продолжи да се реализира и во иднина, со цел да се опфатат поголем број земјоделски површини и да се обезбедат попрецизни податоци за квалитетот на земјиштето на целата територија на општината.

Резултатите од извршените анализи се достапни за јавноста и можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Општина Илинден.