Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Владата се договори со трговците, следуват разговори со производителите и дистрибутерите

Доколку во месец јули лани одреден производ чинел 100 денари, истиот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку во месец јули лани одреден производ чинел 100 денари, истиот во месец јули годинава не треба да се продава по цена повисока од 103 денари. Ова е договорот кој Владата го направи со големите ланци на маркети кој предвидува да нема поголем раст од 3 проценти годишно на цените на основните прехрамбени производи. Со овој потег се интервенира во стандардот на граѓаните, но и во делот на намалување на годишната стапка на инфлација.

„Ова да се реализира потребно е да направиме еден ист ваков состанок со производителите, дистрибутерите и добавувачите. Тоа ќе се случи во наредниот период. И потоа сите заедно ќе седнеме на маса и сите заедно ќе бидеме општествено одговорни затоа што граѓаните мора да добијат надобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени“, рече Премиерот Христијан Мицкоски.

Претходно, Државниот Пазарен Инспекторат од контролите на терен утврдиле дека има непочитување во делот на маржите кај маркетите. Тие решиле да стават поголема заработка со тоа што се однесувале несовесно во време на криза. Контролите продолжуваат, а инспекторите ќе прават и споредба на цените по кои добавувачите им ги продавале на трговците и цените на производите кои трговците им ги продавале на потрошувачите. Споредбата ќе се прави за лани и сега.

Реклама

„ДПИ доби за задача да направи компаративна анализа помеѓу цените на еден ист производ, еден ист артикал на добавувачите кон маркетите, и цените намаркетите за тој ист производ кон потрошувачите, граѓаните за месец мај 2025 споредбено со месец мај 2026.. Да видиме што е тоа што тука креира состојба да има состојба на зголемени цени на основните прехрамбени производи“, додаде Мицкоски.

Според очекувањата, новиот договор кој ќе биде постигнат помеѓу Владата, дистрибутерите, прозводителите и маркетите, треба да започне да се применува од следниот месец. На ваков начин, Македонија повторно предничи во воедувањето нови мерки кои треба да го штитат граѓанинот од неоправдано ценовно дивеење. Засега вакви мерки нема во соседните држави, иако некаде растот на цените на основните прехрамбени производи се движел и на над 5 проценти.