Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Нетабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок

Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар.  Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар. 

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите облачни јадра се стратифицираат. 

Нестабилното време се очекува да продолжи и во вечерните часови кога во делови од државата ќе има појава на пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Реклама

Под влијание на циклонска активност од Турција нестабилното време ќе продолжи и утре. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Нестабилното време ќе се задржи до петок кога се очекува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури.