Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

МП: Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржала десеттата седница, на која продолжило разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда. Како што информираат од Министерството за правда, членовите на работната група ги разгледале препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржала десеттата седница, на која продолжило разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда.

Како што информираат од Министерството за правда, членовите на работната група ги разгледале препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои е постигнат консензус се прифатени и соодветно вградени во предложените решенија. Воедно, биле разгледани и предлозите доставени од политичките партии и надлежните државни институции.

-Целта на предложените измени е понатамошно усогласување на изборното законодавство со меѓународните стандарди, јакнење на правната сигурност, унапредување на транспарентноста на изборниот процес и имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Со тоа се создаваат услови за дополнително зацврстување на демократските процеси и јакнење на довербата на граѓаните во изборниот систем – посочуваат од Министерството.

Реклама

Работната група констатирала дека е постигнат значителен напредок во подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што посочуваат, најголемиот дел од клучните прашања се веќе разгледани, а во наредниот период ќе продолжи усогласувањето на преостанатите предлози со цел подготовка на конечниот текст.

Следната седница на Работната група е закажана за четврток, на која ќе бидат разгледани останатите отворени прашања и ќе се финализираат предложените решенија. Од министерството за правда најавуваат дека се очекува во краток рок да биде подготвен сеопфатен предлог-текст на измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој ќе ги одразува постигнатите усогласувања и прифатените препораки.