Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Беровските пингпонгари кои ќе учествуваат на Балканското првенство во Елбасан на прием кај градоначалникот Ружински

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска оствари средба со членовите на Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ Берово, во пресрет на нивното учество на Балканското првенство во пинг-понг, кое ќе се одржи во Елбасан, Албанија. Пингпонгарите Јован Пармачки и Бојана Јовевска, предводени од тренерот Јован Ковачовски, ќе настапат на престижното регионално натпреварување, каде ќе ги бранат боите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска оствари средба со членовите на Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ Берово, во пресрет на нивното учество на Балканското првенство во пинг-понг, кое ќе се одржи во Елбасан, Албанија.

Пингпонгарите Јован Пармачки и Бојана Јовевска, предводени од тренерот Јован Ковачовски, ќе настапат на престижното регионално натпреварување, каде ќе ги бранат боите на клубот и ќе го носат дресот на македонската репрезентација.

На средбата, Ружински им посака многу успех, спортска среќа и достојно претставување на Берово и државата, истакнувајќи дека нивните досегашни резултати се потврда за посветеноста, дисциплината и напорната работа што ги вложуваат во спортот.

Реклама

– Вие сте гордост за Берово и Малешевијата и инспирација за младите генерации. Со своите успеси покажувате дека и од помалите средини можат да произлезат врвни спортисти. Верувам во вашите квалитети и ви посакувам со достоинство да ги претставите клубот, градот и нашата држава, порача Ружински.

Од Општина Берово информираат дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на младите спортисти и развојот на спортот, препознавајќи го нивниот придонес во промоцијата на општината и афирмацијата на вистинските вредности.