Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Собраниска делегација на пленарна сесија на Советот на Европа во Стразбур

Делегација на Собранието, во состав Иванка Василевска (заменик-шеф на делегацијата), Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, учествува на третиот дел од пленарната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), што од 21 до 26 јуни се одржува во Стразбур, Франција, информираат од Собранието. Според соопштението, на дневен ред на сесијата се дебати за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието, во состав Иванка Василевска (заменик-шеф на делегацијата), Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, учествува на третиот дел од пленарната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), што од 21 до 26 јуни се одржува во Стразбур, Франција, информираат од Собранието.

Според соопштението, на дневен ред на сесијата се дебати за заштита на демократијата од предизвиците поврзани со вештачката интелигенција, спротивставување на транснационалната репресија, како и состојбите со демократијата, човековите права и владеењето на правото во Иран. Планирани се и расправи за функционирањето на демократските институции во Грузија и Србија.

Во текот на првиот работен ден ќе биде доделена и наградата „Вигдис“ за зајакнување на улогата на жените, на една од трите организации што влегоа во потесниот избор.

Реклама

Во рамки на претседавањето на Монако со Комитетот на министрите на Советот на Европа, пред пратениците ќе се обратат државниот министер Кристоф Мирман и министерката за надворешни работи Изабел Беро-Амадеи, кои ќе информираат за работата на ова тело и ќе одговараат на прашања.

Меѓу темите на агендата се и слободата на медиумите во спортот, елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите и пристапот на мигрантите и бегалците до здравствена заштита. Предвидена е и заедничка дебата за одржливоста на храната во услови на кризи, како и за искуството на Мароко во справувањето со овие предизвици.

Дополнително, поднесени се барања за итни точки за „Пристапот на жените до правда“, како и за дебата по актуелни прашања во врска со следењето на Декларацијата од Кишињев и активностите на Советот на Европа во областа на миграцијата.

На сесијата ќе бидат разгледани и извештаите на набљудувачките мисии за неодамнешните избори во Унгарија и Бугарија, а пратениците ќе избираат и заменик генерален секретар на Советот на Европа. Конечниот дневен ред, како што се наведува, треба да биде усвоен на денот на отворањето на сесијата.