Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Спикерот Гаши оди во Софија, ќе се сретне со колешката Доцова

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, утре ќе отпатува за Софија, каде што ќе оствари билатерална средба со бугарската колешка Михаела Доцова, која ќе се одржи на нејзино барање. Состанокот ќе се одржи на маргините на седницата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, организирана од Европската Унија. „Добивме покана од нив за билатерална средба, на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, утре ќе отпатува за Софија, каде што ќе оствари билатерална средба со бугарската колешка Михаела Доцова, која ќе се одржи на нејзино барање. Состанокот ќе се одржи на маргините на седницата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, организирана од Европската Унија.

„Добивме покана од нив за билатерална средба, на која ќе разговараме за соработка на парламентарно ниво. Досега, имајќи ја предвид политичката ситуација во Бугарија, немавме никаква соработка и комуникација, а сега се трудиме да ги воспоставиме“, изјави Африм Гаши претседател на Собранието.

Тој не очекува дека на средбата Доцова ќе ги повтори барањата што бугарската потпретседателка Илијана Јотова ги упати до македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Реклама

„Одам со позитивна мисла и со добро познатите позиции на државата, а тоа е дека треба да разговараме и заеднички да соработуваме на евроинтегративниот пат. Да одиме напред, да нè спојува иднината, а не минатото“, изјави Африм Гаши – претседател на Собранието.

На денешниот брифинг со новинарите, Гаши истакна дека лично е против идејата во блиска иднина да се организираат предвремени избори, оценувајќи дека тоа не е добро за државата.

„Сметам дека на земјава ѝ се потребни стабилност и спроведување реформи. Но, доколку мнозинството се согласи и изгласа распуштање на Собранието, тогаш воопшто нема да се противам на таквата одлука“, изјави Африм Гаши – претседател на Собранието.

Гаши посочи и дека наскоро ќе биде закажана седница за предлог-законот за правична застапеност, кој опозицијата го смета за спорен. Со него треба да се замени балансерот, кој претходно беше прогласен за неуставен од страна на Уставниот суд.

Срѓан Ивановиќ