Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Судир за животниот стандард: СДСМ критикува,ВМРО-ДПМНЕ одговара со податоци и резултати

Нов ден, нови прозивки од опозициската СДСМ за две години Влада. Партијата со истата реторика повтоно  ја напаѓа власта дека сиромаштијата расте, а платите стагнираат. Пратеничката Тренчевска оценува дека има нула исполнети ветувања. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден, нови прозивки од опозициската СДСМ за две години Влада. Партијата со истата реторика повтоно  ја напаѓа власта дека сиромаштијата расте, а платите стагнираат. Пратеничката Тренчевска оценува дека има нула исполнети ветувања.

Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните Македонскиот работник живее потешко, социјално-ранливите граѓани се заборавени од државата, пензионерите изманипулирани.ВМРО ветуваше инфлација од 2,5%. Денес инфлацијата е 4,8% и е речиси двојно повисока од ветувањето.“- вели Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДСМ  паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување, возвратија од ВМРО- ДПМНЕ. Од таму велат дека по 7 годишното владеење на социјалдемократите била наследена осиромашена држава, заглавена во огромни долгови. Денес велат се опоравуваме од погрешните политики.

Реклама

Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана.Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата.Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека владините политики даваат резултати и придонесуваат за подобрувањето на животниот стандард, а Македонија бележи и раст на БДП од 3% и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа.