Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Економија

Ребалансот на Буџетот утре на владина седница

Ребалансот на Буџетот ќе се  разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. – Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ребалансот на Буџетот ќе се  разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции.

– Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно за капиталните инвестиции, што мислам дека согласно Законот за буџети ги оправдува состојбите. А и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна во делот на акцизата заради мерките кои ги имавме во изминатиот период, изјави Димитреска Кочоска, на новинарско прашање. 

Генерално, појасни министерката за  финансии, има зголемување на капиталните расходи за инфраструктура.

Реклама

-Имаме, зголемени капитални расходи во делот на Министерството за животна средина, имаме околу одредени ИПА проекти, имаме зголемување за АА програмата, така што утре во детали ќе информираме точно која институција колку дополнителни средства има за капиталните расходи, рече Димитриеска Кочоска.

Прашана колку чинеа мерките за намалување на ДДВ-то и акцизите што траеја во изминатиот период, министерката рече дека акцизата треба да се корегира за околу 1,5 милијарди денари. 

– Многу е тешко да се направат прецизни пресметки затоа што има и индиректни ефекти. Нашите пресметки покажаа дека некаде една и пол милијарда денари треба да ја корегираме акцизата. Но, мора да бидеме внимателни, затоа велам тешко е да се направат проекциите. Не заборавајте, во изминатиот период ја имавме најниската цена на нафтата во регионот. Се сеќавате дека редици автомобили со странски таблици точеа бензин во Македонија, што значи дека и покрај тој позитивен ефект намалуваме 1,5 милијарда. Кога не би било купувањето од странските лица сигурно негативниот ефект би бил поголем, односно тоа е она што Владата го даде како поддршка на граѓаните и стопанството, рече Димитриеска Кочоска, која е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).