Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Свет

Заврши првата рунда разговори во Швајцарија – Иранците реагираат за заканите од Трамп, одбија да се фотографираат со Американците

Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим. Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одбила заедничко фотографирање со американската делегација. Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле. Потпретседателот на САД, Џ.Д. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одбила заедничко фотографирање со американската делегација.

Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле.

Реклама

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој ја преводи американската делегација, денеска изјави дека разговорите во Швајцарија со иранската страна за поширок договор на Блискиот Исток, можат да бидат историски и да доведат до трансформација на регионот и трајно подобрување на односите со Иран.

Иранската државна телевизија објави дека на првата 80-минутна сесија од разговорите не се дискутирало за нуклеарната програма на Иран, туку за почитувањето на договорот меѓу САД и Иран и ситуацијата во Либан.

Иранската делегација протестирала до американските претставници за заканите кон Иран што денеска ги упати претседателот Доналд Трамп. 

Американскиот претседател денеска прво му се закани на Иран дека ќе го „удри уште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах, а потоа упати закани и до иранските преговарачи дека „нема да се вратат во својата земја“ ако Техеран повторно ја блокира Оруската Теснина.

– Затворете ја Ормуската Теснина и повеќе нема да имате земја. Нема ни да се вратите во вашата е…а земја. Можеби ќе го преземеме теснецот ако треба. Ќе ги дигнеме во воздух. По истекот на 60-те дена, можам да правам што сакам, изјави Трамп.