Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Економија

Неџат Курт: Новата авиолинија Виена – Охрид ќе придонесе за развојот на туризмот во Охридско и унапредување на сообраќајната поврзаност на земјава

Со слетување на првиот авион на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ со 154 патници, од денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, и официјално е воспоставена новата авиолинија Виена – Охрид. Со новата сезонска линија што ќе сообраќа двапати неделно во четврток и недела, до 18 октомври, Охрид ќе има директна авионска поврзаност со австриската престолнина, а […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со слетување на првиот авион на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ со 154 патници, од денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, и официјално е воспоставена новата авиолинија Виена – Охрид.

Со новата сезонска линија што ќе сообраќа двапати неделно во четврток и недела, до 18 октомври, Охрид ќе има директна авионска поврзаност со австриската престолнина, а со тоа и подобри конекциии преку Виена како еден од најзначајните европски воздухопловни центри.

Првиот авион на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ со 154 патници денеска слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со што и официјално беше воспоставена новата авиолинија Виена – Охр

На свеченото одбележување на првиот лет, претставници на „ТАВ Македонија“ посочија дека новата линија ќе придонесе за развојот на туризмот во охридскиот регион, но и за унапредување на економската и сообраќајната поврзаност на земјава.

Реклама

Генералниот директор, Неџат Курт, изјави дека се очекува линијата да донесе околу пет илјади дојдовни патници, нагласувајќи дека преку Виена патниците од Охрид ќе имаат можност за побрзи и поефикасни конекции до бројни европски и светски дестинации.

– Оваа авиолинија ќе донесе придобивки не само за аеродромот, туку и за туризмот, локалната економија и за нашите сограѓани што живеат и работат во странство. Нашата цел е континуирано да ја подобруваме поврзаноста на земјата и да создаваме услови за раст на патничкиот сообраќај, изјави Курт.

Од „Аустриан ерлајнс“ посочија дека отворањето на линијата до Охрид претставува проширување на присуството на компанијата во земјава, по три децении летање до Скопје, и оценуваат дека Охрид станува се попривлечна дестинација за патници од целиот свет.

Заменик-шефот на мисијата на Австриската амбасада во земјава, Матијас Хуменбергер, оцени дека новата линија ќе придонесе за зајакнување на врските меѓу двете земји, преку поттикнување на туризмот, деловната соработка и културната размена.

Линијата Виена – Охрид е втора авиолинија воведена на охридскиот аеродром од почетокот на месецов. Претходно беа воспоставени и летови од Вроцлав и Катовице, а во летниот ред на летање од аеродромот „Св. Апостол Павле“ се предвидени летови до вкупно 17 дестинации.