Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Инвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ во напредна фаза

Инвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ влегува во напредна фаза, со интензивирање на активностите за нејзина реализација и најави за натамошно проширување на соработката, соопштуваат од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ). – Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, оствари средба со претставници на германската компанија „Heidelberger Druckmaschinen“, при што беа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ влегува во напредна фаза, со интензивирање на активностите за нејзина реализација и најави за натамошно проширување на соработката, соопштуваат од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ).

– Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, оствари средба со претставници на германската компанија „Heidelberger Druckmaschinen“, при што беа разгледани активностите поврзани со инвестицискиот проект кој се наоѓа во напредна фаза на реализација. На состанокот се дискутираше за можностите за дополнително унапредување на соработката, динамиката на имплементација на инвестицијата, како и за идните планови на компанијата за развој на нејзиното присуство во земјава – стои во соопштението од ТИРЗ.

Оттаму дополнуваат дека Димовски истакнал дека инвестицијата има значаен потенцијал за зајакнување на домашната економија и претставува уште еден доказ за довербата што германските компании ја имаат во македонската бизнис-клима и развојните можности на земјата. 

Реклама

– Тој потенцираше дека ТИРЗ останува посветена на создавање стабилно и предвидливо деловно опкружување и обезбедување целосна поддршка за инвеститорите во сите фази од нивните проекти – се дополнува во соопштението.

Од страна на „Heidelberger Druckmaschinen“ биила нагласена целосната посветеност за исполнување на потребните услови за навремена реализација на инвестицијата.

-Претставникот на компанијата, Лукас Мухрингер, истакна дека приоритет е исполнување на барањата на клиентите и континуиран раст на пазарот, при што инвестицијата во ТИРЗ претставува клучен чекор во остварувањето на тие цели – наведуваат од ТИРЗ.