Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со вкупен напредок од 36 проценти, а целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните работи на Коридорот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со вкупен напредок од 36 проценти, а целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните работи на Коридорот 8.

Николоски, кој заедно со директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски ја посети трасата, посочи дека станува збор за еден од најсложените инфраструктурни проекти во државата, со должина од 34 километри, на кој се градат 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници.

– Се работи за еден инженерски исклучително предизвикувачки проект. Вкупната должина на проектот е 34 километри, а на само 34 километри имаме 29 мостови, 15 тунели – најмногу досега изградени тунели во Македонија, шест надвозници, три подвозници, три стојалишта, односно три железнички станици, две станични згради и три сервисни згради – рече Николоски.

Реклама

Железничката линија, додаде, е проектирана за брзина од 100 до 120 километри на час и оти највисокиот столб на мостовите достигнува висина од 61 метар. Според него, напредокот на конструктивните работи изнесува 31 процент, а вкупната реализација на проектот е 36 проценти.

– Очекувам до октомври 2028 година, или да бидам попрецизен, до последниот квартал на 2028 година, тука веќе да сообраќаат возови – изјави Николоски.

Информираше дека по завршувањето на втората делница ќе следува изградбата на третата делница кон границата со Бугарија, за која веќе е објавен тендер за избор на надзорен орган, а во следните недели се очекува да биде објавен и тендерот за изведба.

Одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува целосно да биде завршен проектот за железничко поврзување со Бугарија, Николоски рече дека целта е до 2031 година да биде завршена целата траса, вклучително и тунелот што треба заеднички да се гради со бугарската страна.

– Очекувам, согласно она што го ветивме, до 2031 година да ја завршиме целата делница, заедно со тунелот што заеднички треба да го градиме со Бугарија. Целта е во 2031 година проектот да биде завршен од двете страни, затоа што точно е дека од Софија до Ѓуешево постои железничка линија, но исто така е точно дека на најголем дел од трасата треба да се изгради нова или целосно да се реконструира постојната – рече Николоски.

Коридорот 8 е дел од европската транспортна мрежа што ги поврзува Јадранското и Црното Море, рече Николоски, нагласувајќи дека НАТО го има прогласено за втор најзначаен безбедносен коридор.

Прашан за сигнализацијата и електрификацијата на третата делница, Николоски појасни дека тие ќе се реализираат преку посебна тендерска постапка.

– Прво се спроведува тендер за изградба, а потоа се спроведува тендер за сигнализација и електрификација. Целта е системите што ќе бидат вградени да бидат најмодерни во моментот кога ќе се поставуваат. Доколку сега избереме одредено решение, а го вградуваме по пет години, постои можност во меѓувреме да застарее – рече Николоски.

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, истакна дека станува збор за делница која повеќе од три децении не бележела значајни активности и чија изградба е дополнително усложнета поради конфигурацијата на теренот.

– Се работи за вториот дел од пругата кон Бугарија со должина од 34 километри. Онаа пруга која што е започната уште во деведесеттите години и 30-тина година немаше никакви активности, сега интензивно се работи. Покрај сите овие неповолни услови проектот е со реализација од 37 проценти – рече Ивановски.

Активностите, додаде, се одвиваат на три главни сегменти – земјени и градежни работи, санација и доградба на 26 мостови изградени во деведесеттите години и изградба на 15 тунели.