Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Николоски: Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 моста и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ изврши увид на градежните работи на трасата. 

Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море.

– Се работи за исклучително предизвикувачки проект, кој опфаќа изградба на нови три станици – Кратово, Романовце и Гиновце, 29 моста, 15 тунели, шест надвозници, три подвозници. Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот, ова ќе биде железница на која возовите ќе сообраќаат со брзина од 100 до 120 километри на час, што во вакви услови е навистина одлично решение – изјави Николоски.

Реклама

Тој нагласи дека мостовите што се градат претставуваат инженерско чудо, со столбови високи до 61 метар, што е повеќе од двојно повисоко од просечна осумкатна станбена зграда.

– Највисокиот столб што се гради е цели 61 метар. Само за споредба, просечна зграда, некаде 7-8 ката, е во висина од 24 до 25метри, што значи дека тука зборуваме за згради што би биле од 10 до 20 ката кога овие столбови би ги преселиле во една урбана средина – потенцира министерот Николоски.

Во рамките на проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и вкупно 125.000 кубни метри бетон. Николоски информира дека напредокот кај конструктивните работи достигнал 31 процент, а вкупната реализација на проектот е 36 проценти.

– Очекувам до октомври 2028 година тука веќе да оперираат возови. Ова е дел од Коридорот 8 – источно крило, по изградбата на втората делница, секако ќе ја градиме и третата. За неа, во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и ЕУ, од каде што имаме грант, сакам да се заблагодарам. Веќе е објавен тендер за избор на надзорен орган, а очекувам во следните неколку недели, во соработка со ЕБОР и ЕУ, да го објавиме и тендерот за изведба како би можеле, конечно, Македонија со пруга да ја поврземе со Бугарија, односно Скопје да го поврземе со Софија, а оттаму и со Црното Море – додаде вицепремиерот Николоски.

Тој потсети дека Коридорот 8 е прогласен од НАТО за втор најзначаен безбедносен коридор и има големо геостратешко значење за регионот, на кој меѓународните партнери на земјата се особено посветени.

Николоски упати благодарност до премиерот Мицкоски, Министерството за финансии, директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Синиша Иваноски, и неговиот тим, како и до сите работници ангажирани на терен истакнувајќи дека токму нивната посветеност овозможува реализација на комплицирани инфраструктурни проекти во Македонија.

Директорот на „МЖ Инфраструктура“, Синиша Ивановски, истакна дека станува збор за делница која повеќе од три децении не бележела значајни активности и чија изградба е дополнително усложнета поради конфигурацијата на теренот.

– Се работи за вториот дел од пругата кон Бугарија со должина од 34 километри. Онаа пруга што е почната уште во деведесеттите години и 30-ина година немаше никакви активности, сега интензивно се работи. Покрај сите овие неповолни услови, проектот е со реализација од 37 проценти – рече Ивановски.

Активностите, додаде, се одвиваат на три главни сегменти – земјени и градежни работи, санација и доградба на 26 моста изградени во деведесеттите години и изградба на 15 тунели.