Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Успешно реализиран проектот за теконструкција на Домот на културата во пехчевското село Панчарево

Успешно е реализиран проектот „Реконструкција на Домот на културата во пехчевското село Панчарево“, со што жителите добија обновен и современ простор за организирање на културни, општествени и други активности од значење за локалната заедница. Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, согласно Програмата за регионален развој за 2025 година […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно е реализиран проектот „Реконструкција на Домот на културата во пехчевското село Панчарево“, со што жителите добија обновен и современ простор за организирање на културни, општествени и други активности од значење за локалната заедница.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, согласно Програмата за регионален развој за 2025 година – Финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.157.559 денари.

Со реконструкцијата се подобрени условите за функционирање на Домот на културата, кој со децении претставува центар на општествениот и културниот живот во селото. Објектот традиционално служи како место за одржување на културни манифестации, свечености, јавни настани и собири на граѓаните, а со новите подобрувања ќе овозможи поквалитетни услови за реализација на ваквите активности.

Реклама

Во рамките на обиколката на реализираните проекти, Панчарево заедно со градоначалникот Александар Китански го посети и директорот на Бирото за регионален развој, Амет Имери, кој одблиску се запозна со резултатите од инвестицијата и придобивките што таа ги носи за локалното население.

Градоначалникот Александар Китански упати искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за финансиската поддршка во реализацијата на проектот.

-Ова е уште една значајна инвестиција за нашата општина и за жителите на Панчарево. Благодарни сме за поддршката што ја добиваме од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, бидејќи преку ваквите проекти создаваме подобри услови за живот и развој во руралните средини. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со успешната соработка и ќе реализираме нови проекти во интерес на граѓаните“, истакна градоначалникот Китански.