Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

90-годишен охриѓанец не може да си го оствари правото на пензија

На 90 годишниот охриѓанец Ламбе Цепенкоски,Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одбива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 90 годишниот охриѓанец Ламбе Цепенкоски,Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одбива да му исплати пензија за период од 1992-ра до 2004-та година.Својот работен век како воено лице,тој го поминал во Мостар,а по разгорувањето на војната во поранешна Југославија, во 1992-ра се вратил во Македонија.Од тогаш почнува неговата голгота. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не му ја дава пензијата која му следува,и за да го прехрани семејството поранешниот офицер работел се и сешто.

-“Јас морав да работам приватно, јас и синот Драган копавме канали,чистевме бавчи.Па кога дојде есента почна да се бери грозје,јаболка сите таму беревме.Луѓето ни плаќаа колку толку и преживувавме”-вели Ламбе Цепенкоски

Адвокатот Владо Чингоски кој 13 години води правна битка, појаснува дека македонската влада во 1992-ра година донесла небулозна одлука според која само на оние кои се вратиле во земјава заклучно со 31.03.1992-ра година ќе им се признае правото на пензија

Реклама

-По 2002-ра година се потпишува договорот за сукцесија на бифшо југословенските републики и се носи анекс Д согласно кој, секоја држава редовно ќе ги исплаќа легално заснованите пензии без разлика на националност и државјанство.Потписник на овој договор е и Република Македонија,но нашата држава иако не смее, им го одзема правото на пензија-вели Чингоски. Фондот произволно одлучил да му доделува пензија од 2004-та година,а за дванаесетте години претходно не им е исплатен скршен денар.

 “Сега проблемот е што не можеме ни да стигнеме од Управен суд затоа што за да стигнеме да тужиме до Управен суд за да го решиме овај проблем треба да се потврди решението или на Фондот за Пензинско и инвалидско осигурување.Меѓутоа тоа ќе биде тотална неправда,тоа ќе биде субјективност, тоа ќе биде непознавање на правото, тоа ќе биде непочитивање на постапките, не почитување крајно и на законот за пензиско иинвалидско осигурување”-вели адвокатот Владо Чингоски.   

Тоа е исто како да не се признава договорот за добрососедство што го потпиша нашата држава со Грција. Тој станува дел од македонскиот правен систем.Ако сега ние мораме да ги менуваме личите карти и другите јавни документи за идентификација, мора и овој договор за сукцесија да се признае,додава Чингоски. И Цепенкоски не е единственот,низ истата голгота поминува и 86 годишниот поранешен офицер Миле Николоски. И двајцата се вратиле дома само дванаесет дена по донесување на оваа одлука која според правниците нема никаков основ.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски