Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска за скандалот поврзан со ископ на јаглен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска за скандалот поврзан со ископ на јаглен и фирми на Заеви во Бугарија

Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев а кои се во тесна врска и со Филипче.

Фирмата Зобек мининг група која му го купила аудио на Филипче продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на кланот Заеви.

Реклама

Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јагленот исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра.

Фирма на Заев е регистрирана на иста адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd).

Додека Македонија била во енергетска криза, а Заев и Филипче тврдеа дека немаат врска со државни тендери, правеле милиони на штета на државата и врз грбот на граѓаните.

Од само еден тендер, милиони завршиле кај кланот Заеви и Филипче.

Филипче да не молчи, да каже на јавноста која е неговата улога во тендерите со јаглен и кој е пазарот, па е награден со ауди Q8?

Одговорност за ваков скандал мора да има ЈО да поведе истрага и да реагира.