Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

83 години од 11 Октомври-ден на народното востание

Македонската држава рамноправно учествуваше во обновата на разрушениот свет и самостојно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската држава рамноправно учествуваше во обновата на разрушениот свет и самостојно со крвта на 100.000-ци илјади борци се избори за слободата која денес ја имаме. Херојската борба против фашизмот не сплоти, ни даде легитимитет како народ да се самопределиме. Ова е пораката која претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова ја исрати по повод 11 Октомври од свечената академија на која е покровител.

,,Нас никој не не ослободи, сами се ослободивме, со помош од над 110.000 илјади народно ослободителна војска на Македонија, нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви,, кажа Силјановска Давкова.

Сонот на илинденците, борбата на партизаните за слобода треба да бидат поттик но истовремено и одговорност за развој на државата за идните генерации, додаде Сиљановска порача дека е крајно време младите својата иднина ја гледаат дома рамноправно без било какви предрасуди и дискриминации.

Реклама

,,Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста и добивање заслужено место во европското семејство и во меѓународните организации, за зачувување на мирот и градење демократија. Борбата за нашите правдини, но и за правна држава, продолжува, нагласува Сиљановска Давкова.,, истакна Сиљановска Давкова 

На свечена академија присуствуваше државниот врв, претседателот на владата, дипломати како и претставници на верските заедници. Мицкоски нагласи дека Владата посветено, чесно и одговорно ќе продолжи да работи за повторно да ја врати државата во рацете на граѓаните преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот.

,,Народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро.Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија,, стои во статусот на Мицковски

11 октомври е ден кога македонскиот народ вооружено се крена против окупаторските завојувачи и ја започна борбата за слобода и самостојност.

Даниел Ѓорѓевски