Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

7,5 години затвор за Вангелица Илијевска од Кратово, која поради семејно насилство ги уби сопругот и свекорот

По две години судење, Основниот суд во Куманово ја осуди Вангелица Илијевска од Кратово на седум и пол години затвор за убиство на сопругот и свекорот. Обвинението беше преквалификувано од двојно убиство со умисла во две убиства на миг, што беше и главната цел на одбраната, која тврдеше дека обвинетата дејствувала во состојба на силна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По две години судење, Основниот суд во Куманово ја осуди Вангелица Илијевска од Кратово на седум и пол години затвор за убиство на сопругот и свекорот. Обвинението беше преквалификувано од двојно убиство со умисла во две убиства на миг, што беше и главната цел на одбраната, која тврдеше дека обвинетата дејствувала во состојба на силна раздразнетост поради семејно насилство. По ваквата одлука, Илијевска призна вина, кажувајќи дека дејствувала во афект и дека жали за сторените кривични дела.

„По заедничка консултација со обвинетата, одлучивме да ги признаеме овие две кривични дела што одговараат со самиот немил настан. Судот го прифати признанието од страна на обвинетата и изрече единствена казна затвор од седум и пол години“, изјави адвокатот на обвинетата, Христијан Георгиевски.

За првичното дело за кое Илијевска беше обвинета ѝ претстоеше казна од десет години до доживотен затвор, додека за второто кривично дело од 1 до 8 години. Одбраната најави дека по приемот на писмената пресуда ќе одлучи за понатамошните чекори.

Реклама

„Постојат повеќе олеснителни околности што би влијаеле за уште пониска казна, имајќи предвид дека најнискиот законски минимум за вакво дело е една година по едно убиство на миг“, изјави адвокатот на обвинетата, Христијан Георгиевски.

Немилиот настан се случи во март 2024 година во Кратово, кога тогаш 36-годишната жена со нож ги усмрти сопругот и свекорот во семејниот дом. Семејството имало две малолетни деца и со години било евидентирано од надлежните институции поради нарушени семејни односи. На сопругот, поради малтретирање, во одреден период му била изречена и мерка за заштита. Иако Илијевска во неколку наврати го напуштала домот, подоцна повторно се враќала кај семејството.

Сега малолетните деца се кај нивен роднина, но под надзор на кратовскиот Центар за социјални работи.

Малолетните деца се кај нивен роднина во Кратово, под надзор на Центарот за социјални работи – Кратово.