Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

73 производи во „есенската кошничка“ – од понеделник пониски цени до 10%

73 производи се во „есенската кошничка“ која ја скрои министерството за економија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

73 производи се во „есенската кошничка“ која ја скрои министерството за економија.  Од следната недела до 31-ви октомври, брашното, лебот и пекарските производи, млекото и млечните производи, месото и преработките од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење, дел од конзервираните производи, како и безалкохолните пијалоци ќе бидат со ограничена  бруто профитна маржа  до 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало.

Трговците треба да ги одбележат производите со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд.

Со ваквата одлука, Владата очекува дека цените на производите кои се на листата ќе паднат и трошоците за храна ќе се намалат за околу 10 %.

Реклама

Нашите проценки се дека со стапување на сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10%, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци. Трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд. Исто така, трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска за да ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70% од прибавените количини во месец август 2024 година од овие производи на листата, рече Министерот Дурмиши.

Граѓаните ја поздравуваат мерката на Владата за таканаречената „есенска кошничка“ , но и апелираат ветеното да се исполни, а не да бидат излажани како што се случувало претходно.

Мерката ја поздравија и од ССМ, но укажуваат дека идејата треба да се спроведе во целост. Оттаму апелираат во формирањето на кошничката да се земе во предвид и пресметката на синдикатот. Според најавите од првиот човек на ССМ, ќе има благо зголемување на минималната синдикална кошничка која ќе биде објавена идната недела.

ССМ смета дека е добра идеја сè што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22.300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа, рече Слободан Трендафилов – Претседател на ССМ

Мерката претходно ја  поздравија и од Организацијата на потрошувачи на Македонија . Оттаму мислат дека ќе им помогне на граѓаните, но на краток рок. Министерот Дурмиши пак најави дека цените на долг рок ќе се стабилизираат токму со законот за нефер трговски практики кој ќе стапи на сила на крајот на месецов. Тој потврди дека  мерката во наредниот период ќе се применува како божиќна , рамазанска, велигденска кошница со ограничено времетраење пред и за време на празниците кога вообичаено цените растат.