Реклама
Македонија

585 возачи фатени преку Сејф сити дека возеле побрзо од дозволеното

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци.

Како што информираат од МВР, од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.

При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.

Реклама

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава“, апелираат од МВР.