Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

53-годишниот маж уште се бори за живот по вчерашната трагедија на свињарска фарма во Амзабегово

Се уште е  во критична состојба педесет и тригодишниот маж кој вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште е  во критична состојба педесет и тригодишниот маж кој вчера се затру на фарма во светиниколското село Амзабегово,а неговиот колега почина. Дополнителни испитувања треба да покажат дали ќе има потенцијални мозочни оштетувања. Нивните соселани, денеска одвај ја коментираат трагедијата. Велат, мора некој да сноси одговорност доколку се утврдат било какви пропусти..

„Оваа фарма работи педесет години и вакво нешто се нема случено. Како дошло до труење  од гас, од амонијак..баш ми е чудно. Сега некој ќе треба да сноси одговорност, не може таа шахта да биде отворена и да влегува секој„ изјави жител на село Амзабегово.

 Во текот на вчерашниот ден инспекциски надзор на лице место изврши и трудов инспектор. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита, а во текот на денот работодавачот треба да им ја достави целосната документација.

Реклама

  „Од страна на инспекторите е задолжено во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација . И по утврдување и разгледување на истата, ДТИ ќе излезе во јавност со целосна информација за случајот„ изјави Весна Томовска, дир.на Државен трудов инспекторат.

    Според првичните информаии сега починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупка. Тој се симнал во  дупката за да интервенира на заглавениот шибер, кој го повлекува течното ѓубриво  од халата, кон дупката. 45годишниот работник починал, а неговиот колега кој притрачал да му помогне во последен момент бил извлечен од останатите колеги. За каков гас станува збор, ќе  покаже обдукцискиот наод.