Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

41 бездомни семејства од штипско од јануари ќе имаат покрив над главите, интензивно се градат куќите за нив

Интензивно се градат типските куќи во штипската населба Света Недела, во кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивно се градат типските куќи во штипската населба Света Недела, во кои свој дом ќе најдат 41 семејство. Со нивната изградба ќе се реши станбениот статус на 260лица , од кои половина се деца и досега живееја во супстандардни услови во старите објекти на поранешното Нервно одделение. Куќите треба да бидат готови до крајот на годината, кога се очекува да бидат  сместени и првите станари.

„Она што ќе биде важно е тоа што ќе се направат договори со овие семејства, со што ќе бидат корисници на овие домови. Ќе имат обврска да си ги плаќат комуналните такси за потрошена електрична енергија и вода„ изјави Ерол Адемов, советник за малцински прашања, во Општина Штип.

 Предвидени се четири типа на куќи, со различна квадратура, а ќе се распределуваат по бројот на членови во семејството. Од општината велат место ќе има само за оние од Старото нервно и за семејствата кои долги години живеат во руинира куќа во центарот на градот. Изминатиот период имало обиди, семејства од други градови да лажираат дека живеат таму, со цел полесно да дојдат до живеалиште

Реклама

„Многу пати интервениравме да го напуштат тоа место, со оглед на фактот дека ги нема во ниту една евиденција и да не очекуваат дека ако се тука ќе добијат дом. Листата на станари ја направивме уште пред стартот на самиот проект„ изјави Ерол Адемов, од Општина Штип.

Откако ќе се иселат станарите, старите згради ќе бидат урнати и овој дел со изградбата на булеварот „Партизанска„ целосно ќе се урбанизира. Проектот е финансиран од Европската унија и освен во Штип, вакви куќи се градат и во Берово. 

Александра Ристевска