Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

400 милиони евра за сообраќајки: „Сејф сити“ во борба против прекршоците и заштита на граѓаните, а не за полнење на државната каса

400 милиони евра се одвоиле од државната каса за покривање на трошоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

400 милиони евра се одвоиле од државната каса за покривање на трошоци од сообраќајните несреќи во 2023-та година. Колку ќе се намали процентот на незгодите, толку ќе се заштеди од парите на граѓаните, одговара министерот Панче Тошковски на тврдењата дека со системот „Сејф сити“ власта ќе ја полни државната каса.    

Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно над 55 илјади, имаат по една изречена забрана. Но, од нив речиси 8 илјади добилe забрана по втор пат,  а 1.863 возачи добиле по  три правосилни пресуди за забрана за управување возило.

  • „Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

За Тошковски апсурдни се обвинувањата на опозицијата дека системот е насочен само кон етничките Албанци во Македонија. Зијадин Села обвинува дека во Чаир има многу повеќе камери, отколку во другите општини. За граѓаните пак токму таму треба да се засили имплементацијата на „Сејф сити“.

Реклама
  • Не е точно дека нема камери на улицата која ја напоменавте (Пластичарска). Имаме и таму камери. Не е точен фактот дека камерите се поставени да се делува на било кого било како. Точно е дека 80 отсто локациите се одбрани од некој претходен менаџерски систем. Точно дека системот не е совршен пред нас имаме и те како работа. Но факт е дека наместо 11 имаме 4 жртви“ рече Тошковски.

На вториот ден безбедносниот систем регистрираше вкупно 651 прекршоци. Од нив, 50 се за минување на црвено, за поголема брзина имало 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци. А изречени биле дури 58 забрани за управување на моторно возило.