4 годишно дете кое се соочувало со застој во развојот, околу половина час било оставено само во просторија во градинката Олга Мицеска во Кичево од која лесно можело да излезе надвор, сведочи мајката пред камерата на Тв Алфа.
Таа преку адвокат поднела кривична пријава против директорот на градинката, но кичевското основно јавно обвинитлество ја отфрлило со објаснување дека не постоело основано сомнение дека директорот несовесно ги вршел своите овластувања и должности.
Настанот се случил во април 2022 година, последен ден од генералниот штрајк во образиванието.

– Дежурната отвори и го бараше детето, а детето не беше тука, а таа се однесуваше сосема нормално како ништо да не случило, Јас реков дека сакам прво да видам во каква состојба е детето. Детето беше само оставено, беше во шок, со плачење. Секоја мајка ќе си го познае своето дете. Прашав зошто е оставено само во занимална,а добив одговор: од кај да знам јас кои деца се денеска, вели мајката Христина Анѓелкоска.
Барала да се види со директорот, но тој дента бил на приванто патување, а секретарката одбила да го побара. Од некои од вработените во градинката добила информација дека поради штрајкот, во еден период од денот, за децата не биле згрижувани од негователка.
-Таа била некоја која што работела како персонал за кујна и за која што ми кажаа дел од вработените во самата градинка дека таа нема лиценца за работа, додава Анѓелоска
По случката никој од одговорните не ја побарал, освен негователката на Леонид, која кога се случил настанот била на одмор. Токму затоа решила правдата да ја бара преку институциите.
–Отидов кај адвокат затоа што имав совети да не одам во полиција затоа што сите биле негови луѓе таму, затоа што знаеме дека тој е внук на лидер на највисоката политичка албанска партија во Република Македонија. Самата пријава ќе отиде во некоја фиока , подобро е да одиш на адвокат и тој ќе ја однесе пријавата во обвинителство. И така постапив, вели таа.
Разочара од одлуката на Обвинителство, решена е да оди до крај и да ги искористи сите правни можности.
-Таа обезбедила лиценца во меѓувреме, на каков начин и кога се обезбедила лиценцата ќе бараме да се утврди…затоа што ја сретнав самата таа личност во ходникот и ја пршав само кажете ми дали имате лиценца и таа ми негираше, но рече: јас имам искуство во работа со деца, појаснува таа.
По овој настан, Христина заедно со семејството се сели од Македонија. А по траумата, на Леонид му било потребно време за повторно да се адаптира и да го надокнади регресот во развојот поради претрпениот стрес.
