Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

„27 април“ стигна пред Апелација: Одбраната вели тројца од судиите не смеат да одлучуваат по жалбите

Тројца од апелационите судии кои се дел од судечкиот совет не смеат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца од апелационите судии кои се дел од судечкиот совет не смеат да одлучуваат по жалбите на првостепено осудените за настаните од 27 април, смета одбраната. Сепак, судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска, сами си одбија да бидат изземени од овој случај. Одбраната вели тие веќе одлучувале по жалби за притвори, како и за амнестиите на дел од оние кои сега се жалат пред Апелација. Според адвокатот на Душко Лазаров, Звонко Давидовиќ судиите веќе имаат свој став за овој случај, поради што според законот не смеат да одлучуваат за жалбите.

-Во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, значи тежина на кривичното дело, начинот на сторување, политичката мотивираност, се тоа понатаму, што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење што е недозволиво пред да решат по жалбата. Истите судии одлучуваа и по барање за амнестија на определи лица, изјави Давидовиќ

На првиот ден од јавната седница за жалбите не се слушнаа жалби, па засега не се знае по кој основ одбраната ќе бара укинување или намалување на драконските пресуди. Давидовиќ само кратко кажа дека неговиот клиент не може никако да одговора за дело тероризам.

Реклама

-Правната квалификација не држи, затоа што не може да стане збор за тероризам. Ние имаме куп други луѓе, кои на исто место, во исто време, со исти дејствија, се судени за учество во толпа и други кривични дела, изјави Давидовиќ.

Лани на 15 март со првостепена пресуда вкупно 211 години затвор добија 16 лица. Најтешко помина поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ Митко Чавков, а ослободен беше само Игор Дурловски. Иако процесот почна со 33 обвинети, нивниот број се намали, откако од тогаш обвинетите добија амнестија.

 Матеја Петровски