Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

25 години Кокино- Фестивал, научна конференција, изработка на стратешки документ

Со фестивалот „Кокино – тврдина на Сонцето“, во сабота, 12 септември, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со фестивалот „Кокино – тврдина на Сонцето“, во сабота, 12 септември, ќе започне одбележувањето на 25 години од откривањето на археолошкиот локалитет Кокино. Настанот ќе започне во 18 часот, а пред посетителите ќе настапат повеќе изведувачи, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј- Куманово. Влезот ќе биде бесплатен.

-За посетителите ќе биде обезбеден паркинг кај училиштето во село Кокино, од каде што ќе има и бесплатен превоз до локалитетот. Јубилејната програма ќе продолжи со изложба посветена на 25-годишниот истражувачки период на Кокино, а од 18 до 20 ноември е најавена и меѓународна археолошка конференција- изјави директорот на установата, Агим Бислими.

Според советникот- археолог и раководител на проектот Дејан Ѓорѓиевски, Кокино од откривањето во 2001 година се наметна како еден од значајните археолошки локалитети во земјава и регионот. Истражувањата укажуваат дека локалитетот во бронзеното време имал функција на светилиште, но и простор од кој се следеле движењата на небеските тела.

Реклама

-Со комбинацијата на овие две функции, Кокино станува уникатен локалитет. Таков локалитет немаме на територијата на целата држава и пошироко- вели Ѓорѓиевски.

На меѓународната конференција се очекува учество на околу 30 истражувачи од Македонија и странство. Досега се најавени учесници од Франција, Италија, САД, Грција, Бугарија, Косово и Србија. Темите нема да бидат ограничени само на Кокино, туку ќе опфатат и пошироки археолошки аспекти кои се забележуваат и на други локалитети во светот. Ѓорѓиевски посочува дека интересот за Кокино е голем и дека локалитетот со години го посетуваат домашни и странски туристи, а за него се објавувани прилози и во реномирани меѓународни медиуми и списанија. Понатамошниот развој на Кокино е условен од решавањето на повеќе прашања, меѓу кои и имотно-правните односи. Поради нерешените прашања со земјиштето, досега не можело целосно да се пристапи кон изградба на потребната инфраструктура и обезбедување поголеми инвестиции. Во рамки на јубилејната програма е предвидена и изработка на стратешки документ, односно патоказ за идниот развој на Кокино. Документот треба да даде насоки за активностите што треба да ги преземат надлежните институции во однос на истражувањето, конзервацијата, уредувањето и презентацијата на локалитетот.

-Кога Кокино ќе има стратешки документи и ќе се обезбеди техничката документација, многу полесно можеме да дојдеме до финансии, бидејќи има програми и амбасади кои сакаат да помогнат, но секогаш го имаме проблемот со нерешените имотно-правни односи -посочува Ѓорѓевски.

Тој додава дека музејот во изминатите години го направил она што било во негова надлежност, но за следната фаза од развојот на Кокино потребно е вклучување на повисоките институции и обезбедување државен интерес за локалитетот.