Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Свет

2019 – година на спорови, избори и катастрофи

Светот издржа уште една немирна година во коа бевме сведоци на војни,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светот издржа уште една немирна година во коа бевме сведоци на војни, природни катастрофи, терористички напади и се посилно затегнување на односите меѓу големите сили. Уште во првиот месец од 2019  американскиот претседател Доналд Трамп влезе во конфликт со Сенатот во врска со ветениот ѕид на границата со Мексико.

 „Многу сум горд што објавувам денес дека постигнавме договор за прекин на блокадата и почеток на работата на сојузната влада. „Да бидам јасен, немаме друга опција од таа да направиме силна челична бариера“, изјави Трамп

Во Франција продолжија насилните протести на “жолтите елеци”. Кај Французите владее незадоволството поради политиката на претседателот Емануел Макрон, за која тврдат дека ги фаворизира богатите и големите компании.

Реклама

Во Нов Зеланд се случи страшен терористички напад за време на молитва во две џамии во Крајстчерч. По најголемата катастрофа во историјата на  земјата.премиерката Џасинда Ардерн тешејќи ја нацијата изјави:

“Жал ми е. Ова е еден од најцрните денови за Нов Зеланд.Тоа што се случи тука е вонреден и невиден чин на насилство” – рече Ардерн

Во април се случи пожарот кој го шокираше целиот свет. Огнената стихија уништи еден од главните белези на Париз – катедралата Нотр Дам. Претседателот Макрон тогаш вети – целосно обновување.

“Јас ви ветувам: Оваа катедрала повторно ќе биде изградена од сите нас. Таа е дел од судбината на Франција и ќе биде наш проект за годините кои следуваат.”- изјави Макрон.

Еуфоријата за брза реконструкција пропадна,  бидејќи експертите утврдија дека тоа нема да оди така лесно.

Во јули Грција гласаше на вонредни парламентарни избори, каде победи опозициската партија Нова Демократија. Многумина тоа го поврзаа со потпишувањето на Договорот од Преспа но и со тешките реформи во изминатите неколку години што мораше да ги реализира владата на Ципрас за излез од кризата.

Во сепрември Претставничкиот дом на Конгресот на САД почна официјална истрага за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

“Претседателот мора да одговара, никој не е над законот.” – вели Пелоси.

Во декември официјално беа покренати обвинувањата дека Трамп ја злоупотребил функцијата, за да влијае Украина да поведе постапка против неговиот ривал демократот Џо Бајден.

Конзервативците на Борис Џонсон извојуваа убедлива победа на парламентарните избори во Велика Британија. Со победата Џонсон си обезбеди доволно места во парламентот што му се потребни да го реализира Брегзит на 31 јануари. (13 декември)

“Изгледа дека на оваа мнозинска конзервативна влада и е даден моќен нов мандат за Брегзит,” -изјави Џонсон.

Природните катастрофи на многу места во светот оставија големи последици.Албанија ја погоди силен земјотрес во кој загинаа 50 лица , а повеќе од 900 беа повредени.Најмногу жртви имаше во Драч и Туман.Големи поплави, бури и огнени стихии се случија од Калифорнија на Запад се до Јапонија и Нов Зеланд на Истокот. Во Европа пак имаше неверојатно топло при што дури и во некој градови во северот на континентот беа измерени повеќе од 45 степени.

Ања Василева 

https://youtu.be/cCoKUvgnUMM