Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

20-годишник се удави по скок од педалинка – струшкото крајбрежје со години без ред и контрола

Трагедијата што ја потресе Струга повторно ја исфрли на површина суровата реалност – дека на крајбрежјето со години владее безредие кое сите го гледаа, а никој не го санкционира. Дваесетгодишно момче го загуби животот по скок од педалинка. Несреќата отвори низа дилеми – кој дозволи крајбрежјето со години да функционира без јасни правила и контроли? […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата што ја потресе Струга повторно ја исфрли на површина суровата реалност – дека на крајбрежјето со години владее безредие кое сите го гледаа, а никој не го санкционира. Дваесетгодишно момче го загуби животот по скок од педалинка.

Несреќата отвори низа дилеми – кој дозволи крајбрежјето со години да функционира без јасни правила и контроли?

Ден по немилиот настан, струшкиот градоначалник им фрли ракавица на советниците да донесат одлука за забрана на користење на педалинките.

Реклама

„Имаме предложено времена мерка да престанат тие педалинки да функционираат поради тоа што немаат опрема за обезбедување на лицата кои ќе се возат со тие педалинки. Имаме некој план за урбана опрема, колку-толку да се менаџира. Затоа барам од Советот да донесе некоја одлука. Подобро лоша одлука отколку никаква одлука. На тој начин ќе знаеме кој управува таму“, вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

И денеска крајбрежјето беше преплавено со педалинки. Трагичната смрт на младиот стружанец не е прв ваков случај. Низ годините имало повеќе несреќи и давења поврзани со користење на педалинки, но прашањето за безбедноста останува без конкретен одговор.

Кој ја контролира нивната работа? Дали се почитуваат безбедносните стандарди? Дали некој воопшто води евиденција колку педалинки работат и под кои услови се издаваат?

Дополнителен проблем е што педалинките се водат како урбана опрема, а надлежностите околу нивното поставување и користење се нејасни.

„Години наназад сè е узурпирано на плажите и ние како општина на плажите немаме пристап во тој дел. Затоа и немилиот настан што се случи вчера доаѓа од тоа што веќе години наназад не се менаџира добро со плажите. Значи, нема ни спасители, бидејќи сè е узурпирано“, вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Струшките плажи со години функционираат без решен правен статус и без легални концесионери. Туристичката сезона започнува, плажите работат, опрема се поставува, услуги се наплаќаат, а системските решенија остануваат заглавени во институционалните лавиринти.

Безбедноста на езерото не смее да биде препуштена на случајност, дециден е Ќура.