Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Ахмети оди на се или ништо: Вети доколку изгуби на изборите ќе се повлече од политиката

Ахмети нема повеќе што да загуби. На прозивките од коалицијата ВЛЕН изрази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ахмети нема повеќе што да загуби. На прозивките од коалицијата ВЛЕН изрази подготвеност за одговорност и вети дека ќе се повлече од политичката доколку ги загуби следните избори. 

-Слушнав, бараат кај нотар да сум потпишал, дека доколку со еден глас ги загубам изборите, да не бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се повлечам од политиката и ќе си одам дома, кажал Ахмети.

Инаку според ВЛЕН актуализирањето на прашањето за предвремените парламентарни избори од Ахмети е само обид да ја спаси политичка кариера која наскоро ќе заврши. Ова според нив е во недостиг на кадровски и програмски реформи внатре во неговата партијата. Крај на политичката кариера на Али Ахмети предвидува и еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство Арбен Таравари кој смета дека реториката на Ахмети е позната и не е ништо друго освен обид да го задскрие незадоволството во партија. Според него ова се последни избори во неговата политичка кариера.

Реклама

-Мислам дека политичкиот крај на Али Ахмети ќе бидат локалните избори. Верувам дека ВЛЕН ќе оствари убедлив резултат и господинот Ахмети таа вечер ќе излезе и ќе го прифати поразот на локалните избори и верувам дека неговата политичка кариера, за среќа или за жал, во зависност од тоа кој како ќе ја види, ќе заврши,, кажал Арбен Таравари

Инаку прашањето за превремените парламентарни избори се отвори на првата собраниска седница за пратенички прашања кога на барање на опозицијата, премиерот Хиристијан Мицковски изрази подготвеност повторно да го докаже легитимитетот кој го доби од граѓаните на последните избори.

Победа на владеачката ВМРО-ДПМНЕ доколу има нови парламентарни избори се потврдува и преку најновите анкети според кои Христијан Мицкоски е убедливо најпопуларен политичар во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ партија со најголема доверба кај граѓаните.  Во анкетите дури 27.8% од граѓаните дале позитивно мислење за премиерот, додека за лидерот на опозицијата Венко Филиче само 5.5%. Доколку утре се одржат парламентарните избори, ВМРО ДПМНЕ би имала убедлива предност пред СДСМ и ДУИ кај гласачите. На прашањето за доверба во политичките партии, граѓаните изразиле 26% отсто доверба во владејачката партија. Следуваат СДСМ ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 отсто. По нив е Левица со 5%, и ЗНАМ со 4%.

Рејтингот на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ е 31 процент, додека на коалицијата „Европска иднина“, предводена од СДСМ е само 10 отсто.

Даниел Ѓорѓевски,