Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Свет

Ураганот Милтон ја разурна Флорида

Разурнати стотици домови,  најмалце 4 загинати, евакурани околу 200.000 луѓе а  3…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разурнати стотици домови,  најмалце 4 загинати, евакурани околу 200.000 луѓе а  3 милиони луѓе останаа без електрична енергија и водоводна мрежа откатко Ураганот Милтон опустоши голем дел од сојузната држава Флорида.  

Меѓу најтешко погодените области се крајбрежните окрузи, вклучувајќи ги Пинелас, Хилсборо, Манати и Сарасота, како и округот Харди, а се очекува нивото на морето да порасне за 4 метри.

,,Нивото на водата веќе е зголемено за еден метар и сè уште се опоравуваме од ураганот Хелен што не погоди минатата недела. Удира силно, снимаме налети на ветер од 180 км/ч. Гледаме покриви како летаат, дрвја летаат наоколу. Прилично е грдо таму, Нема спас за оние кои одлучиле да не се евакуираат, тоа што ќе го најдеме наутро се тела,, изјави за тамошните медиуми Мелани Беван, командир на полицијата во Брадентон.

Реклама

Граѓаните во паника, пријави за опасност доаѓале од повеќе делови на Флорида, издадени се повеќе од 125 предупредувања за торнада со просечна брзина од 180кмч што е рекорден број за оваа сојузна држава.

,,Стотици домови се уништени во округот, има и мртви, точната бројка сеуште не е позната, урагани доаѓаат од сите страни,, изјави Кир Пирсон, Шериф на округот Сент Луси.

Затворен е и вселенскиот центар Кенеди, а ураганот направил штета и на центри од НАСА. Во текот на вчерашниот ден и претседателот на САД Џо Бајден и градоначалничката на Тампа Беј испратија предупредувања. Последиците на ураганот се очекува да се проценат во деновите кои доаѓаат.

Даниел Ѓорѓевски