Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Уште никој не знае од каде доаѓа непријатната миризба во хируршките сали, и инспекторите на терен, истражуваат каква смрдеа се шири

Уште никој не знае од каде доаѓа смрдеата во хируршките сали.Резултатите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште никој не знае од каде доаѓа смрдеата во хируршките сали.Резултатите од германската лабораторија која што треба да утврди каков гас се шири во хирушкиот блок засега ги нема. Од Министерството за здравство не добивме одговор кога ќе пристигнат.Од таму молчат и на прашањето дали од утре ќе се активираат повеќе хирушки сали на Клинички.

ДСЗИ, Малмед, технички и трудов инспекторат сите овие институции направиле вонреден инспексицски надзор на хирушките клиники по пријава од вработените.

“Надзорот е завршен и издадена е инспекциска мерка – да се изврши мерење на хемиските штетности во просториите на хирушките клиники.Вработените се пожалија на непријтен мирис и печење на очите.Мерењата треба да ги направат лиценцирани фирми за таа намена”, велат од трудов инспекторат.

Реклама

„Пегаз“, „Трегер“, „Винора“, „ТГС технички гасови“, „ЛГ вест Балкан“… се фирмите од кои Министерството за здравство побарало помош за непријатната миризба по хируршките сали во Клиничкиот центар. Речиси еден месец трае проблемот, но никој до сега не го детектирал изворот на непријатната миризба.

Стручните лица кои се надлежни за компресорската станица, велат дека таа работи. Во заедничките служби на клиниките,тврдат дека пред два месеца се расипал еден од компресорите, но работат со останатите два и оти во ниту еден момент не запреле со работа.

Хируршките сали се затворени поради миризба од непознато потекло, а се оперираат само итните случаи. На ортопедија и траума од 6 сали работат само две.