Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

„150 желби за 150 деца без родителска грижа“: СОС Детско Село со новогодишна инфлуенсерска кампања

Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС Детско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС Детско Село и оваа година ја започнува емотивната хуманитарна инфлуенсерска кампања „150 желби за 150 деца без родителска грижа“.

Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа, до 14 годишна возраст кои во моментов се поддржани од СОС Детско Село. Со своите пораки, тие ќе придонесат кон ширење на позитивна мисла и ќе донесат чувство на грижа, радост и надеж во празничните денови.

Црвената маичка со автентични детски цртежи е срцето на кампањата. Носејќи ја маичката и споделувајќи ја својата новогодишна желба, инфлуенсерите стануваат „1 од 150“ гласови кои ја користат својата платформа за да ја направат видлива потребата од поддршка на децата без родителска грижа и да поттикнат поширока општествена одговорност.

Реклама

-Секој кој ќе ја облече маичката и ќе посака желба станува дел од заедницата која се грижи. Јавните личности имаат моќ да инспирираат, да обединуваат и да поттикнат позитивни промени особено кога нивниот глас е насочен за децата на кои им е најпотребна поддршка, велат од СОС Детско Село.

Кампањата ќе трае во текот на месец декември, а во јануари дел од видеата со новогодишните желби ќе им бидат прикажани на децата поддржани од СОС Детско село, со цел да почувствуваат дека зад секоја желба стои некој што се грижи.

Секој може да биде една желба. Со само еден мал гест – донација, споделување или поддршка, можеме заедно да создадеме празнична магија која ќе трае многу подолго од празниците.