Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

15 загинати и 133 повредени на работното место, се бара нов закон за заштита при работа

15 работници го изгубиле животот минатата година додека ги извршувале работните задачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

15 работници го изгубиле животот минатата година додека ги извршувале работните задачи а 133 се повредиле за време на работа.. Најголем дел од несреќите се случиле во јавната управа и одбрана, како и во прехрамбрената и градежната индустрија. Здружението за заштита при работа, го претстави најновиот извештај, според кој, најмногу од несреќите се случиле во Скопје.

Спроед нашиот извештај, јавната управа и одбрана минатата година имаат најголем број на повреди, потоа следи прехрамбената индустрија, градежништвото, па потоа дејностите во домаќинството, тука се првично земјоделските работници, затоа што многу од земјоделските несреќи на ниво на Македонија, се вбројуваат како со сообраќајни несреќи“, изјави Славица Јанкова, претставник на здружението за заштита при работа.

Од Здружението апелираат дека е потребно инвестирање и изградба на култура на превенција со цел во иднина се избегнат
незгодите. Тоа не подразбира само активни кампањи, туку и конкретни законски мерки и обврски за евидентирање на сите несреќи и повреди.

Реклама

„Потребно е да имаме ново законско решение кое што ќе биде јасно концизно недвосмислено и ќе може да биде применливо на терен“, изјави Салвица Јанкова, претставник на здружението за заштита при работа.

Градоначалникот на општина Аеродром, кој беше домаќин на одбележувањето на светскиот ден за безбедност и здравје при работа, ја истакна значајната улога на општината во заштитата на вработените.

„Како општина Аеродром кон крајот на минатата година набавивме комплетно нова заштита опрема согласно европските норми, за сите наши сезонски работници кои се ангажирани, а тоа се, а тоа се повеќе од 100 работници. Уназад како општина ние немаме повредени или починати работници на работното место, со што ја покажуваме нашата максимална заложба за безбедност при работното место“, изјави Дејан Митевски, градоначалникот на Аеродром.

Споре дизвештајот здружението за заштита при работа Директните загуби кои ги трпи Македонија во компензација на повредите се над 400 милиони евра годишно.