Реклама

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Македонија

13 пријави за семејно насилство за само три дена

55-годишен Велешанец физички ја нападнал својата 21-годишна невенчана сопруга, а потоа го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

55-годишен Велешанец физички ја нападнал својата 21-годишна невенчана сопруга, а потоа го удрил и нивното бебе. Ова се случувало во раните утрински часови во Охрид. Во Скопје, пак по полноќ стигнала пријава од 26 годишна девојка дека физички ја нападнала мајка си, откако два дена претходно таа била жртва на удари од родителот и брат и. Во Скопје 37 годишна жена пријавила дека сопругот  ја тепал и со закани и го оштетил телефонот. Но, ова не се единствените случаи на семејно насилство за последниот ден. Уапсени биле тројца, а во последните три дена 13 пријави регистрира полицијата. Семејно насилство од пијан сопруг имало и во Свети Николе.

  • На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 50-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата 55-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека И.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,29 промили алкохол во крвта“ стои во соопштението од МВР.

Изминативе денови имаше дури и напад врз полициските службеници кои се обиделе да интервенираат во семејно насилство од 48-годишен маж од кичевското село Челопеци.

Поради бројните вакви примери на однесување и врзаните раце при постапување,  надлежностите на полицајците ќе се зголемат. Министерството за внатрешни работи подготвува нови законски измени со кои службениците ќе можат веднаш да изречат итна мерка за заштита при семејно насилство, вклучително и отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контакт со жртвата. Таквата мерка која ја може да се изрече и без согласност од жртвата и ќе важи 48 часа – до одлуката на Судот – да ја прекине или продолжи до 30 дена.

Реклама

Паралелно со законските измени, МВР работи и на воведување „боди-камери“ за полициските службеници, со цел интервенциите да бидат прецизно документирани и да се намали можноста за различни толкувања на настаните.

Според министерот Тошковски, измените ќе бидат во согласност со Истанбулската конвенција, што ќе претставува суштинска промена во начинот на институционално постапување.