Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

12 години за Васил Јованов: Таткото на Фросина Кулакова го прогласи судот за мафија

12 години затвор за Васил Јованов кој пијан, со брзина над дозволената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

12 години затвор за Васил Јованов кој пијан, со брзина над дозволената минувајќи на црвено светло на пешачки премин на булеварот Партизанска смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. Судот образложи дека во предвид биле земени сите отежителни и олеснителни околности. Меѓу отежителните е дека Васил Јованов веќе бил осудуван за трговија со дрога, имал голем број сообраќајни прекршоци пред трагедијата, возел со многу поголема брзина, поминал на црвено, немал положен возачки испит. Меѓу олеснителните се признанието на вина, изразувањето сочувство кон семејството, дека покажал каење веднаш по трагичниот настан, дека бил редовен студент и спортист.

-Седнал зад воланот под дејство на алкохол и со количина на алкохол во организмот кој многуркатно ја предминува границата предвидена во законот за возачи кои не поседуваат возачка дозвола. И во таква состојба развил брзина на движење од 91 километар на час, во населено место со фреквенција на минувачи за да потоа на запалено црвено светло, на семафор на задолжително запирање, продолжи со движење на пешачки премин, каде удира пешак кој се движел прописно на пешачкиот премин, стои во образложението на пресудата.

Сепак оваа пресуда не ги задоволи родителите. Веднаш откако слушна колкава е казната, таткото на Фросина, Тодор Кулаков демонстративно ја напушти судница и го прогласи судот за мафија.

Реклама

-Судот мафија, казни ме сега, судот мафија, демонстративно кажа Тодор Кулаков.

Според него, 12 години затвор не е казна, туку награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот.

-Во државата во која дилерите на дрога и немилосрди убијци се прогласуваат за светци, спортисти, посветени студенти, според зборовите на одбраната, а што очигледно најмалку наивно беше прифатено од судскиот систем, судијата, изјави Кулаков.

Пресудата во судница ја слушнаа и од семејството на Васил Јованов. Одбраната искажа незадоволство од ваквата казна, која била највисока за ваков прекршок на скопското апелационо подрачје.

-Иста ваква сообраќајна незгода во 2019-та година, на истиот пешачки премин, само од другата страна е завршена правосилно со три и пол години. Сетете се на предметот во Велес, имате еден прекршок повеќе, бидејќи се даде во бегство и два дена беше недостапен и прависолно се даде осум години, изјави адвокато на Васил Јованов, Сашко Дукоски.

Обвинителството пак изрази задоволство што ова е највисоката казна, но можно е да ја обжалат пресудата и да побараат повисока.

-Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, затоа што беше изречена казна затвор која што историјата на овој суд, за ова кривично дело и кога станува збор за една почината една жртва не била досега изречена, изјави обвинителот Александар Маркоски.

Несреќата за која Јованов доби 12 години се случи вечерта на 29 јануари на булеварот Партизанска, а на лице место животот го загуби 22 годишната Фросина Кулакова.

Матеја Петровски