Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ќура обвини за тајна коалиција меѓу опозициските партии во Советот на Струга, за блокада на Општината

Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека политичките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека политичките структури од НАИ, СДСМ и независната листа на Рамис Мерко формирале тајна коалиција со цел да го блокираат работењето на Општината. Ваквата ракција доаѓа откако вчера пропадна и третиот обид за избор на претседател на општинскиот Совет поради немање кворум. Седницата ја напуштија осуммината советници на НАИ, а тројцата од независната листа на Мерко и единствениот советник на СДСМ воопшто не се појавија. 

– Вчера излезе на површина една голема вистина. Граѓаните јасно видоа кој со кого во реалноста е во коалиција, на штета на граѓаните. Тоа се старите политички структури во Струга, кои продолжуваат да бидат здружени на штета на Струга и на интересите на граѓаните. Деновиве сме сведоци како овие структури, кои ги носат амблемите на НАИ, СДСМ и Листата Мерко, имаат формирано тајна коалиција со цел да ги парализираат општинските институции, да го блокираат развојот на општината и благосостојбата на граѓаните, рече Ќура.

Со бојкотирањето на седницата, според него, НАИ, СДСМ и листата Мерко покажале дека воопшто не им се важни граѓаните и проектите, туку исклучиво нивните лични интереси.

Реклама

– Вчера, советниците на антиграѓанската коалиција не дојдоа на седницата на Советот со цел да не ги поддржат буџетските програми, во кои се вклучени значајни проекти за 2026 година во вредност од пет милиони евра. Ова јасно покажува дека опозицијата продолжува со агонијата што ја практикува веќе 20 години и се обидува да ја примени истата политика и понатаму, на штета на граѓаните на Струга, истакна Ќура.

Вети дека нема да дозволи Струга и нејзините граѓани да бидат заложници на старите структури, кои, како што вели, две децении ја уништувале општината.

– Јас, како градоначалник, заедно со партиите на мнозинството, се договоривме дека, доколку опозицијата продолжи со блокирачките методи, во моментот кога ќе се исполнат законските услови, ќе се организираат предвремени избори за Општинскиот совет, за граѓаните да го дадат заслужениот одговор на ваквите политики. Заврши времето на блокади и политики од кои корист имаат само одредени поединци, рече Ќура.

Тој нагласи дека Општина Струга ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со реализација на ветените проекти.