Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Љутков: На конкурсите за проекти од културата за 2026 пристигнаа 2618 пријави, ова е потврда за интересот и довербата во системот

Преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година пристигнале  2618 пријави, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од конкурсите, нагласувајќи дека овој број на пристигнати апликации го потврдува интересот и довербата во системот.

-Се работи за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, ќе отворат простор за нови креативни изрази и ќе придонесат за меѓународната афирмација на македонската култура. Интересот што и оваа година го покажуваат уметниците и културните организации за годишните конкурси е јасна потврда дека нашата културна сцена е динамична, иновативна и подготвена за создавање. Годишната програма за проекти од културата во 2026 е суштински чекор напред и доказ дека културата не ја гледаме како трошок туку како стратегиска инвестиција во нашиот национален идентитет, во креативниот потенцијал на луѓето и во иднината на целото општество, истакна Љутков на прес-конференција во Владата. 

Процесот на селекција, рече, се одвивал врз основа на јасно дефинирани критериуми, однапред дефинирани приоритети и од стручни комисии составени од компетентни лица од соодветни области.

Реклама

Соопшти дека се зголемени  средствата во повеќе дејности, при што се внимавало на квалитетот, квантитетот и рамномерниот развој на културата. Посебно внимание е посветено на современо творештво, меѓународната соработка и креативните индустрии, области кои, како што рече,  не само што носат културна вредност туку и значаен економски потенцијал.

-Особено значајно е што и во 2026 година продолжуваме со систематско зајакнување на националните установи, истакна Љутков и соопшти дека откако лани првпат беше воведен модел на делегиран буџет за националните установи, како пилот-проект за 18 од нив, моделот годинава ќе се прошири на 28 национални установи со делегиран буџет поради позитивните искуства.  

Појасни дека ваквиот модел покажал мерливи и конкретни резултати и затоа прераснува во системски и долгорочно одржлива практика. 

-Овој модел е конкретен чекор кон поголема автономија, поефикасно управување со програмските средства, како и кон јасно дефинирана одговорност и отчетност, истакна министерот за култура и туризам.

Љутков соопшти дека вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам за 2026 година  е 5 милијарди 194 милиони  и 975 илјади денари, што е за 519 милиони и 713 000 денари поголем од минатата година. Буџетот наменет за проекти од национален интерес во културата изнесува 1 милијарда 70 милиони и 417 000 денари.

-Ова е јасна и недвомсилена порака дека културата има поддршка и дека државата стои зад своите уметници, институции и културни работници, нагласи Љутков.