Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Јовевски: Социјалниот дијалог во јавниот сектор испишува историја

Социјалниот дијалог во јавниот сектор испишува историја. Тоа што никому досега не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалниот дијалог во јавниот сектор испишува историја. Тоа што никому досега не му успеваше, денес стана реалност на трудово-правниот систем во земјата, објави професорот на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ, Лазар Јовевски на неговиот Фејсбук профил.

-Вкупно 59 државни институции плус целото судство и јавно обвинителство потпишаа колективни договори во изминатите неколку дена. За прв пат во историјата на Македонија сите вработени административни службеници се опфатени со поединечен колективен договор. Социјалниот дијалог во јавниот сектор испишува историја! Тоа што никому досега не му успеваше, денес стана реалност на трудово-правниот систем во земјата, наведува Јовевски во објавата.

Тој истакнува дека Македонија станува лидер во однос на колективното преговарање не само во регионот, туку и многу пошироко.

Реклама

-Најголемата новина е што платите растат кумулативно повеќе од 40% за следните 24 месеци (заклучно со март 2028 година). Направена е добра работа! Тоа што треба да се развива во иднина е културата на социјален дијалог во бизнис секторот, како и зрелоста социјалните конфликти да се решаваат на мирен начин!, пишува професорот Јовевски во објавата на Фејсбук.