Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан за одбележување на 31 март – Денот на правосудството.
На настанот воведни обраќања имаа новиот јавен обвинител на Македонија Ненад Савески, заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители Марјана Илиеска и претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели. Здружението на јавни обвинители ја презентираше програмата и планираните активности за 2026 година. Во рамки на настанот, исто така, беше предвидена и се одржа дискусија со предлози и сугестии како понатаму, а беа доделени и благодарници.
