Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Јавна трибина: „Не молчи-твојот глас може да прекине насилство“

Под мотото „Не молчи-твојот глас може да прекине насилство“, во Делчево се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Не молчи-твојот глас може да прекине насилство“, во Делчево се одржа Јавна трибина на која говореа претставници од граѓанскиот сектор, од надлежните институции за постапување во случаи на семејно насилство, но и граѓанки присутни на трибината. Целта на овој настан беше да се говори гласно за овој проблем со цел да се прекине насилство, да се препознае и да се научи каде и како да се побара помош, но и за улогата на институциите и на заедницата.

Црната статистика и фемицидот го вклучува алармот во јавноста и затоа е потребно сите да говориме гласно за да се подигне свеста кај граѓаните, но и кај институциите, порача Анита Цоневска, директорка на Организацијата Жена.

–Како заедница, секоја година посветено ја отвораме темата за родово базирано насилство и трагаме по одговори, ги детектираме бариерите и зборуваме за животот на жртвите и нивната иднина надвор од рацете на насилникот. Но, цениме дека не сме говореле доволно гласно, дека треба многу повеќе, дека треба конкретни активности од сите нас, промени во однесувањето, да ја вратиме емпатијата. Како граѓани и како претставници на институции треба да делуваме, да препознаваме, да не вртиме глава на другата страна со коментар-тоа е нивна семејна работа, порача Цоневска.

Реклама

Претставничката од Полициската станица во Делчево, Марија Аџиска, говореше за превентивните активности кои се преземаат со цел да се подигне свеста кај граѓаните за семејното насилство како кривично дело. Таа потенцираше како да се пријави семејно насилство, како се поднесува пријава и за итните мерки за заштита на жртвата.

Директорката на Здравствениот дом, Билјана Ѓеоргиевска ја истакна улогата на лекарите во препознавање на насилството, додека Ирена Ангелова од Центарот за социјални работи зборуваше за психосоцијалната поддршка на жртвата и заштитните мерки и услуги.

Во дискусијата се вклучија и Сузана Петровска, координаторка за еднакви можности во Општина Делчево која се осврна на улогата на локалната заедница и на Општина Делчево во спречување на семејното насилство, Виолета Илиевска, претставник од Гранична полиција-Исток- пренесе искуство од работата на терен и значењето на препознавање на жртвите и насилниците, додека Дејан Глинџарски говореше за значењето на психолошката поддршка на жртвите, но и насилниците.

Јавната трибина беше во организација на Организацијата ЖЕНА, со поддршка на „Хера“, „ЕУ за тебе“, Коалицијата „Маргини“ и во соработка со КЕМ и Општина Делчево.