Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска попладне ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска попладне ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. апостол Павле“ во Охрид. 

Законот за високото образование и Законот за квалитет во високото образование се поставени и на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а МОН креираше и посебни две е-адреси за праќање коментари за двата предлог-закона. 

Реклама

Министерката Јаневска во петокот соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законот ќе бидат исправени.

-Остануваат неколку члена кои понатаму ќе се дискутираат. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, потоа во неколку дена ќе ги направиме сите добиени забелешки за кои работната група смета дека се прифатливи. Ќе остане на ЕНЕР уште неколку дена за да ги видат забелешките што се прифатени и потоа оди во владина процедура. Ќе се разгледуваат само аргументирани и издржани забелешки и нема да се прифаќаат тие што се под нивото на академска дискусија. Ќе ги дискутираме оние членови на законот што тие сметаат дека се проблематични за нив и на нив можеме да се приспособуваме. Јавната расправа е уште отворена и затоа и се прави – за да ги слушнеме сите аргументирани забелешки, посочи Јаневска. 

Министерката нагласи дека предложениот закон е прогресивен зашто ќе обезбеди поткренување на квалитетот на високото образование во државата. 

-Државата Македонија нема време за потпросечни, па и просечни и ретки добри резултати. Ние мора да го држиме чекорот со регионот и светот, инаку сè повеќе деца ќе ни се иселуваат и сè повеќе деца ќе даваат придонес во други држави. Една од причините зошто младите се иселуваат е и тоа што бараат поквалитетно образование. Направени се доволно напори преку овој закон да се исполнат повеќе критериуми, кои ни се неопходни за поголема видливост на универзитетот и на професорите. Законот бара и научноистражувачка работа и промена во студиските програми, но не со мешање во автономијата на универзитетот, и поголема законска контрола преку законот за квалитет во високото образование и вмрежување со странски универзитети и во разни алијанси, и двојни и заеднички дипломи… Ако имплементацијата оди добро, за неколклу години ќе имаме видлив пораст на квалитетот и покачување на нашите универзитети на ранг-листите, рече Јаневска на прес-конференција во МОН.