Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јавна дебата на Општина Аеродром со граѓански организации за утврдување на локалните приоритети

Во организација на Општина Аеродром денеска ќе се одржи јавна дебата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Општина Аеродром денеска ќе се одржи јавна дебата со граѓанските организации за утврдување заеднички приоритети и создавање поинклузивни локални политики за сите жители на територијата на општината.

Како што се наведува во соопштението од Општина Аеродром, дебатата претставува подготовка за новиот јавен повик што ќе биде објавен на почетокот на 2026 година во рамките на проектот што општината го реализира со Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансирана од Европската Унија и спроведувана преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Целта на настанот е заедничко обликување на приоритетите пред нивно финализирање и обезбедување транспарентен и инклузивен процес за идните иницијативи што ќе придонесат за унапредување на локалната заедница.

Реклама

Меѓу предложените приоритетни области се климатските промени, животната средина, социјалната инклузија, вклучувањето на младите во локалното одлучување, како и унапредувањето и промоцијата на уметноста и културниот развој.