Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Јавна дебата: Какви системски решенија може да им го олеснат животот на лицата со попреченост?

Лицата со посебни потреби во Македонија се уште се борат со ограничениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицата со посебни потреби во Македонија се уште се борат со ограничениот пристап,дискриманација, недостигот на медицински помагала и апарати. Иако работите од пред две децени се подобрени, сепак се уште мора да се работи, за да им се помогне на граѓаните со посебни потреби.

„За жал лицата со  попреченост нема д а можат да бидат во оваа говорница бидејќи тука немаат  пристап. И јас нема да можам да бидам министер ако сум лице со попреченост, бидејќи моето министерство канцеларија нема пристап“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

На јавната дебата за унапредување на правото на здравје, министерот Алиу рече дека институциите се свесни за проблемите, особено кога станува збор за пристапноста во здравствените установи.  Но додаде дека токму ваквите дебати се чекор кон системски решенија.

Реклама

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Клековски, оцени дека критиките се оправдани, но посочи дека се направени значајни чекори напред. Видливоста и пристапот се подобрени, процесот на деинституционализација, кој пред дваесет години бил речиси незамислив, денес дава конкретни резултати. Обезбедена е бањска рехабилитација еднаш годишно, а за ортопедски помагала се издвојуваат околу 12 милиони, со најава дека системот дополнително ќе се унапредува за подобро да одговори на индивидуалните потреби.

„Јас сум сигурен дека пред 15 години, повеќето од вас немаше да можат до тука да дојдат за да сега станеме свесни дека архитетките не предвиделе дека и тука треба да има пристап и дека косината на рампата не е совладлива, значи говориме за платен придружник и повеќе од еднаш годишно лекување во бања, говори дека успеваме да обезбедиме, бањска рехабилитација еднаш годишно, што е успех“, изјави Сашо Клековски Директор на Фондот за здравствено осигурување.

Претставниците на здруженијата ги изнесоа своите искуства, укажувајќи на потребата од повеќе медицински помагала, асистивна технологија и подобри услови во здравствените установи.

„Поднесов барање за обична активна количка, во институцијата, во она што го викаме ние социјално, не знам како е точното име, ми побараа возачка и сообраќајна, што правиме ако јас сум инвалид дете, па немам ни сообраќајна ни количка, значи не ми следува количка“.

„Електромоторните инвалидски колички, едно од условите е да биде студент или да биде вработено за да добие електромоторна количка. Како едно лице кое не може да турка обична количка, би отишло на интервју за работа, ако нема електромоторна количка“.

На дебатата беше пресзентирано и истражување спроведен во Вардарскиот регион во трите општини Кавадарци, Неготино и Велес, според кое во здравствените установи недостига асистивна технологија, додека над 50 проценти од испитаниците со соочиле со некаков облик на несоодветен третман.