Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јавен повик за практикантство во Општина Центар,  шанса за младите да стекнат искуство и да го започнат својот кариерен пат

Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација.

-Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Со повикот се опфатени студенти и/или апсолвенти од државни, меѓународни и приватни факултети, жители на Општина Центар .

Реклама

Практикантите за времетраењето на ангажманот, како што се наведува во соопштението од Општина Центар, ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.

Практикантството ќе се реализира во различни сектори, во зависност од потребите на општинската администрација.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студенти или апсолвенти, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.

Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Согласно Законот за практикантство, Општина Центар ќе ангажира најмногу 8 практиканти, а практикантството може да трае најмногу шест месеци и е еднократно право. Повеќе на линкот: https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260427-javen-povik-za-praktikantstvo-vo-opshtina-centar-skopje