Реклама
Македонија

Јаревски: Самоизолацијата на СДСM од лидерската средба е типично бегање од одговорност во недостиг на легитимитет, кредибилитет и решенија

Tипично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Tипично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет, нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите за што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, посочувајќи на одлуката на опозицискиот СДСM за изолација по повод одржувањето на вчерашната лидерска средба иницирана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се наведува во соопштението од партијата.

Јаревски укажа на отворениот простор за дискусија што го оставија премиерот Мицкоски и Владата за сите прашања и сите теми, без однапред утврден дневен ред за лидерската средба, воедно потсетувајќи и на принципиелните и конзистентни ставови на ВМРО-ДПМНЕ во однос на земањето предвид на сите можни мислења и предлог-решенија, кои би креирале подобра иднина за државата.

„Ете и денес се потврди уште еднаш, вие со сила на човек можете да земете, не можете да му дадете, просторот за дискусии стои, беа поканети сите лидери и претставници на политички партии, коишто имаат пратенички групи во рамките на Собранието, верувам дека секоја таква средба може да донесе само позитивен исход“, и додаде:

Реклама

„Не станува збор само за државнички одлуки станува збор за одговорен или неодговорен пристап кон раководењето и учеството во раководењето на државата. Не се само критичните моменти во кои треба да имаме општ консензус за работите. Секогаш треба да се има инклузивен пристап и инклузивен процес во однос на размислувањата – потенцира Јаревски.

Притоа Јаревски, осврнувајќи се на опозицискиот СДСM и нивната изолираност од политичкиот дијалог на актуелната лидерска средба, посочи дека тоа е доказ за нивниот неодговорен пристап и за деструктивноста изразена преку избегнување од соочување со дискусии, разговори и аргументи.

„За жал, оваа опозиција продолжува со неодговорниот однос, дејствуваат во некоја зона која веќе е многу тенка линијата со реалноста, тоа го докажаа и во расправите претходно на пленарните седници, избегнуваат расправи многу често и во рамките на комисиите, ретко ги гледаме и во дебатните емисии или се поретко се појавуваат и се надевам дека тоа не е некоја нивна политика или нивна стратегија бидејќи тоа не води кон ништо“, заврши Јаревски.