Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Јаревски: Инвестиција во рударскиот сектор во Македонија ќе претставува можност за трансфер на најсовремени технологии и развој на целокупната држава

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на една од националните телевизии се осврна на најавата за отварање на рудник за антимон во кривопаланечко, кој ќе биде американска инвестиција во рамки на стратешкото партнертство и укажа дека моментално се изготвува стратегија и студија преку која ќе се разгледува какви се потенцијалите на овој рудник. Тој додаде дека конкретно за овој случај, добро е што имаме сериозен партнер, којшто произлегува од еден сериозен стратешки дијалог со нашиот стратешки партнер, потенцирајќи дека односот кон ова прашање е на максимално сериозно ниво, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова ни е пред се можност за трансфер на know-how, на нови технологии, како што кажавте, за жал, 40 години немаме нов рудник во Македонија, добар дел од технологиите и од знаењата и практиките кои се применуваат, сега се на некој начин застарени, ова ќе биде можност да се имплементираат новитети коишто ќе допринесат и на поширокото рударство и она што го укажува и самата стратегија, тие го гледаат како мотор, како основа за развојот во наредните 20 години и нивните потенцијали“, укажа Јаревски и додаде:

„Токму овој пример, со овој рудник, доколку студијата покаже дека има исплатливост, дека има начин за одржлива експлоатација, верувам во самите студии ќе бидат опфатени и најновите и најсовремените методологии или технологии коишто ќе можат за прв пат да бидат применети во Македонија, каде што ризикот од истекување, или загадување на подземните води, почвата и воздухот ќе бидат сведени на апсолутен минимум“.

Реклама

Јаревски нагласи дека инвестиција во рударскиот сектор во Македонија ќе претставува можност за за трансфер на најсовремени технологии и развој на целокупната држава.

„Очекувам дека ќе имаме трансфер на најсовремени технологии, ова ќе биде можност за самиот регион и нешто што ќе може да направи еден чекор нанапред кон развојот на целокупната држава. Се разбира, за тоа треба да имаме и консензус како општество, да се движиме во насока, да се соочиме со самиот предизвик, да ги видиме можностите и сите заеднички да го поддржиме процесот во насока да извлечеме апсолутен бенефит, а ризиците и опасностите да ги сведеме на апсолутен минимум“, дециден е пратеникот Јаревски.